Квалитет

Квалитет

 

Објектот “Прашка” во Тафталиџе поседува врвна геомеханичка и асеизмичка стабилност. Проектирана е и вградена марка на бетон МБ30 и МБ40. Изработена е ревизија на конструкцијата на овој проект, како и лабораториски испитувања на коцки (контролни бетонски тела) кои покажаа цврстина на бетон од 33 до 51 МБ.

Во доменот на градежните работи ангажиравме веќе докажани изведувачи, кои работат со современи опреми и технологии, поседуваат лиценциран стручен кадар и имаат добро обучени мајстори.

Армираниот конструктивен систем е со вграден челик набавен исклучиво од реномирани производители и со сертификати. Поседуваме извештај од испитување на механички и деформациони карактеристики на ребраста арматура. Како и извештај од геомеханичко испитување од темелна подлога, со што се докажа врвната геомеханичка стабилност на објектот.

Во текот на изведување на градбата ТК-Инженеринг постојано има свој надзорен тим со главен надзорен инженер на објектот.

Посебно внимание посветуваме на звучната изолација. Објектот има термоизолиран фасаден ѕид (графитен стиропор 8ца + блок цигла).Преграден ѕид меѓу станови и ходници со одлична термичка и звучна изолација (цигла 12 + стиропор 5 + цигла 12). И преграден ѕид во стан со висок индекс на звучна изолација.

Објектот е оплеменет со : 2 модернибрзи лифтови со звучни табли, квалитетни италијански плочки во влезови и ходници, скалишта од гранит, современи безбедносни системи- видео надзор, централно греење (БЕГ), подови од високо квалитетен дабов паркет, опремена бања со санитарија од познати и проверени производители, ПВЦ прозори 4 сезони со Термопан ТРОЈНО стакло полнето со азот.